24.8 C
Прилеп
среда, 24 јуни, 2026
Пела Радио

Гукеш,поранешниот член на ШК Прилеп, најмлад светски шампион во историјата

Индискиот шахист, Домарају Гукеш, кој испиша историја откако стана најмладиот светски шампион во историјата, пред три години беше член на македонскиот клуб ШК Прилеп.

Тогаш 15-годишниот индиски велемајстор имаше блескав настап на Европскиот шаховски клупски куп во Струга и беше најдобар меѓу сите 277 шахисти од 38 клуба, од 37 држави. Ги одигра сите 7 партии, сите на првата табла, без пораз, со три реми и четири победи.

Гукеш вчера направи досега невиден подвиг бидејќи со само 18 години дојде до светската шаховска титула.Во финалето Гукеш го победи Кинезот Лирен Динг, тој пак е поранешен шахист на ШК Алкалоид. Колку  овој успех е голем говори фактот дека претходно рекордот за најмлад освојувач го држеше Каспаров кој се закити со титулата на 22 години.

Би можело да ве интересира

Слушнете ја БОЖИЌНАТА ЧЕСТИТКА ОД УЧЕНИЦИТЕ ОД III-3 ОДДЕЛЕНИЕ ООУ „Блаже Конески“

Најдобар гајдаџија е Роберт Митров од Радовишко, а гранпри наградата на „Пеце Атанасовски“ за „Осоговски извор“ од Оризари

Фото изложба „Слики кои раскажуваат вистински и искрени приказни“ за Кривогаштани од објективот на Бојчески

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе