Бизнисот ги чека парите од унгарскиот заем, банкарите уверуваат дека ќе ги поддржат сите продуктивни проекти. Исплата се очекува во првиот квартал од новата година, беше кажано на денешната средба на УО на Регионалната стопанска комора – Прилеп.
“Поволните услови на унграскиот кредит треба да го искористи стопанството. Условите се одлични со камата стапка од 1,95%, најидеална каматна стапка од историјата на Македонија. Ќе бидат поддржани сите компании кои имаат добри бизнис планови и се очекува во новата година, циркуларна економија, заштита на животна средина, нови вработувања, зголемена продуктивност. Ги охрабрувам компаниите максимално да аплицираат за овој кредит. Со “унгарскиот кредит“ очекуваме подобрување на економската состојба во Македонија.Тука се и оние 250 милиони капитални инвестиции за општините со кои очекуваме големо раздвижување на стопанството и подобрување на квалитетот на живеење на сие граѓани„- истакна заменик министерот за економија и труд, Марјан Ристески
Од бизнис-секторот соопштуваат дека сè уште не е познато кои се критериумите кои треба да бидат исполнете за да се аплицира за “унгарскиот кредит“. Но, се уверени дека со парите ќе се модернизира производствениот процес и ќе се зголеми продуктивноста.
„
Ова е една од најпозитивните економски идеи од постоењето на нашата земја, заради тоа што се случува во вистинско време кога на компаниите ни’ е неопходна инвестициона експанзија, за да ги следиме технолошките трендови во светот, особено оние кои сме извозно орентирани, за да останеме во кондиција и конкуретни на пазарот, но и да го продолжиме развојот. Од бизнис аспект поволноста е во грејс периодот на враќање на кредитот. Со тоа Комфи Ангел инвестициите за три години ќе ги стави во една година, со што ќе овозможиме зголемена продуктивност, со што би се влијаело на зголемување и на животниот стандард на нашите вработени .“ рече Ирена Јакимовска, менаџер на компанијата Комфи Ангел.
Банкарите уверуваат дека ќе ги поддржат сите продуктивни бизнис – планови независно од која дејност се, но сеуште ги очекуваат критериумите за тоа „кој се може да аплицира за овој кредит“.
“
Како банкари го поздравуваме овој прилив на „свежи пари“ кои стопанството ќе ги искористи за предвидливи инвестициони циклуси. Има интерес кај правните субјекти, но сеуште останува отворено прашањето околу прецизирање на правилата, “кој се ќе може да ги користи овие кредити“. Генерално, за него постои интерес на субјекти од сите гранки, производствената, трговиската, градежната, а исплатата се очекува во првиот квартал од новата година.„- посочи Стевчо Димески, Регионален директор на Стопанска банка АД Скопје .
Стопанствениците од Пелагонискиот регион на заедничката средба во Прилеп, ја оценија 2024 година како тешка година за стопанството поради стагнацијата (кризата) на германското производство, војната во Украина и Блискиот Исток, одржувањето на парламентарните избори во Македонија, претседателските избори во САД, инфраструктурните градежно – патни зафати во пелагонискиот регион.. но, сметаат дека 2025 година ќе донесе нови можности и подобар просперитет.
„ Околу 250 евра ќе им бидат добредојдени на стопанството, ќе биде можност за инвестирање во нови технологии, нови знаења . Исто така во 2025 година дополнителен инпакт ќе даде инфраструктурното поврзување, автопатот, бидјеќи како што најави Владата, тоа е некаде околу 2% од БДП“ – истакна Никола Мариноски, Претседател на Регионалната Стопанска комора – Прилеп.
По потрага на вин-вин ситуација, бизнис заедницата очекува поддршка од Владата за на подолг рок да добијат сите, и стопанството и работниците, за подобар животен стандард на сите.