7.3 C
Прилеп
вторник, 1 април, 2025
Пела Радио

ИТНО НЕМАМЕ ВРЕМЕ ЗА ГУБЕЊЕ – ПОМОШ ЗА ВИКТОР 26 ГОДИШЕН ЧОВЕК БОЛЕН ОД ТУМУР ВО ГЛАВАТА

Само што за започнал да живее со радоста поради доаѓањето на новиот член во неговото семејство, 26 годишниот Виктор од Прилеп,  дознава дека има тумор во главата. Операцијата трба под итно да се изврши  во Турција и чини 73000 EUR, средства кои семејството ги нема, и затоа бара помош од добронамерници, луѓе кои сакаат да помогнат. Неговата сопруга, во нејзината битка да ги собере потребите средства,  објави статус  и храбро повикувајќи за помошт вели “да му дадеме шанса Виктор  да продолжат заедно да го гледа растењето на своето дете“:
Драги пријатели, Виктор Николоски е 26-годишен млад човек, посветен сопруг и татко на прекрасно четиримесечно бебе. Животот му донесе радост со доаѓањето на неговото прво дете, но и тежок предизвик кој никој не би го посакал.  Пред една недела, веднаш по крштевањето на нашето дете Виктор дозна дека има тумор на главата, дијагноза која го промени текот на неговото секојдневие, но и на целото наше семејство. За да има шанса за живот и да остане со своето семејство, неопходна е ИТНА операција која може да се изврши во клиника во Турција. Трошоците за операцијата, патувањето и лекувањето се огромни и не можеме да ги покриеме без ваша помош. Апелираме до сите хумани луѓе да се вклучат во оваа битка и да му дадат на Виктор шанса да продолжи да го гледа растењето на своето дете. Секоја донација, без разлика на износот, е од огромна важност! Доколку не сте во можност да донирате, ве молиме споделете го апелот за да стигне до што повеќе луѓе. Виктор верува дека со ваша помош и поддршка ќе ја добие оваа животна битка. Да му помогнеме да остане столбот на своето семејство и да има светла иднина! Од срце, Ви благодараме! Александра Николоска ( сопруга на Виктор)

Општина Прилеп,  сите јавни комунални претпријатија,  основни и средни  училишта, секцијата на фризери и мадиумите ,се вклучија во собирање донации за помош на Виктор Николоски.

Сите ние сме дел од едно семејство – семејството на Прилеп, и како заедница ќе направиме сè што можеме за да му дадеме поддршка на Виктор и неговото семејство во оваа тешка битка и заедно ќе успееме! Ве повикувам и вас, нашите сограѓани, да се приклучите и да помогнете со донација на линкот или со споделување на апелот. Заедно можеме да направиме разлика!, велат од Општина Прилеп

Виктор Николоаски
с/ка за донирање:
270- 7000896189.28
Халк Банка
Можете да донирате и на  платформата без разлика на која валута се парите на вашата сметка/картичка брзо, лесно и безбедно на ЛИНК:

Би можело да ве интересира

Преображение на Господ Исус Христос: Се јаде грозје и не смее да се плаче

Елизабета Филипоска

Пријатели, потребни сме ѝ на 43 годишната Марина Гулеска од Прилеп!

Пела Редакција

(ВИДЕО) Потрети од коса, вистинска уметност!

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе