9.2 C
Прилеп
петок, 28 март, 2025
Пела Радио

Се што е убаво за Прилеп од минатото е поврзано со култната “градска кафана” (ФОТО)

Прилеп од нашата младост.Прилеп исполнет со зеленило , исполнет со прилепчани со еснафи кои поголемиот дел од времето го поминувале во градската кафана.Тогаш немало кој не го познава Спасе , Бајчо , Германо , Љубе ама и многу други кои “мајка” можела да си ги најди само тука , во кафаната во центарот на Прилеп.За некого најубавите спомени , Прилеп 66 , Прилеп 70-те , Прилеп во срцето “поубо” тогаш отколку сега.Вака со навраќање и “кукање” по некогашната “утроба” на Прилеп зборуваат прилепчани.Оние кои сега се навраќаат гледајќи ги ретките спомени и оние кои за жал не се порадувале на мигови пред градската кафана , симболот на еснафот во градот,  па мора да кажат и да се вмешаат во муабетот за градската кафана од тоа што слушнале од дедовци прадедовци.

1973: Оркестар „Шиндевци“ свират во Градска кафана. Од лево на десно: Пецо Палилуле – клавир, Борис Бошкоски – бас, Љубица Спироска – гитара, Киро Спироски – виолина, Благоја Чалата – хармоника.Глетката од оваа кафанска ризница можете да ја погледнете во оваа фотографија која одсликува само мал дел од незаборавните моменти таму , во тоа место , на таа локација , во тоа време за кого Стојанка ќе рече ПОКРАЈ СВИРЕЊЕТО НА СТАРА ГИТАРА ТЕТКА ЉУБИЦА ИМАШЕ ПРЕКРАСЕН ГЛАС НА КОЈ СИТЕ СЕ ВООДУШЕВУВАА .

А овде пак погоре на сликата ,  на седенка во градска , чичко Руското , Љупчо – Џекчето – Банкаро и Миле – Миначо  заедно со Бајчо келнеро даваат посебен шмек на времињата поминати на култната прилепска локација.

И кога човек ќе си дозволи едни вакви спомени да испливаат на површина за повторно да се наврати на времињата кои боемски го обележуваа градот а еснавски го претставуваа како среќно место зa живеење , тогаш едноставно треба секој да знае дека се што е убаво за Прилеп од минатото е поврзано со култната “градска кафана” , која за жал сега преплетува ЕМОЦИИ и НОСТАЛГИЈА  и ништо повеќе од тоа !

 

 

 

 

 

Би можело да ве интересира

Краделе од дете-приведени тројца млади, од кои двајца малолетници

Пела Редакција

Ристески: Ветуваме опоравување на земјоделството и на руралните средини

Пела Редакција

Витаминка донираше компјутери во СОУ„Ристе Ристески Ричко“ Прилеп

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе