12.9 C
Прилеп
вторник, 15 април, 2025
Пела Радио

Прилепчанецот Филип Николоски настапи на „Златна бубамара на популарноста“ (ВИДЕО)

Пејачот Филип Николски, со неговиот хит „Само на добро нека е“ настапи заедно со членовите на групата „Меморија“ на 28 издание на „Златна бубамара на популарноста“ кое синоќа се одржа во арената „Борис Трајковски“ во Скопје.

Култната група „Меморија“ на оваа манифестација наградена е со  две награди и тоа за рок-концерт на годината и рок група на годината. Гитарист во групата е Рубин Димкоски, кој исто така е од Прилеп.

За програмата на Радио Пела, Николоски ги сподели впечатоците од синоќешниот настан, особено восхитен од моментот кога култната група „Меморија“ одлучула една од наградите да му ја врачи нему во знак на пријателство и соработка.

Да потсетиме, Радио Пела, го награди Филип Николоски на манифестацијата „13 величествени“ за придонес и препознатливост во заедницата, по повод 8 години од постоењето на Радио Пела и по повод Светскиот ден на радиото.

Годинава „Златна бубамара на популарноста“ се одржа под  мотото „Вештачка интелегенција за Владата, природна забава за народот“.

 

Би можело да ве интересира

Педесет години македонистика во Романија

Пела Редакција

“Глембаеви” викендов на репертоарот на театарот “Војдан Чернодрински”

Елизабета Филипоска

Пораз во Кочани за Победа – пет гола на стадионот Мантов (ФОТО)

Никола Димески

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе