9.5 C
Прилеп
недела, 27 април, 2025
Пела Радио

Конфузна ситуација – опасност за казна!

И тоа го има! „Кој е надлежен за знаците? Паркираме, а не знаеме на кој број да пуштиме порака да не ја крени пајакот колата„- информира еден возач од друг град, за лошиот однос  кон поставените знаци за информирање или предупредување, што може да предизвика и казнивост.  Знакот за паркирање и пораки за плаќање за паркинг простор во прва зона, се наоѓа на дел од паркингот кога возите кон Центарот за социјална работа.

А, без тронка совест , прекршените или пречкртани сообрајќајни знаци и несовесното однесување на граѓаните можат да имаат сериозни последици. Овие ситуации често водат до конфузија и опасност за возачите да бидат казнети,в ослучајов за неплаќање на користење на паркинг простор.

Подигање на свеста на граѓаните за важноста на сообраќајните знаци и почитувањето на сообраќајните правила е клучно , но надзорот од сообраќајната полиција за да се санкционираат оние кои намерно оштетуваат знаци или се однесуваат несовесно треба да биде поголема..

Но, сепак останува воспитување на децата и младите од најрана возраст како клучнен приоритет за значењето на сообраќајните знаци и правилното однесување заради безбедност во сообрајќајот и можните штети по возачите од вавкиот однос кон поставените знаци.

Останува  пречкртаниот знак, веднаш надлежните институции во општината да го заменат или поправат, бидјеќи во спортивно , вака,  некој возач навистина “дебело“ ќе плати, не по сопствена вина.

 

Би можело да ве интересира

Светскиот ден на театарот го oдбележуваме со Бобан Алексоски и со Борче Василески!

Пела Редакција

Тила ја продолжува соработката со основните училишта

Пела Редакција

Утре доаѓа есента, жолти лисја и ниски температури до 10 – 15 степени

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе