6.1 C
Прилеп
среда, 5 март, 2025
Пела Радио

(ВИДЕО) РИСТОВСКИ:ТРИ СПОРТСКИ ОБЈЕКТИ ГОДИНАВА ЌЕ „ЗАЖИВЕАТ“ ВО ПРИЛЕП

Во прилепската Гимназија денеска беше повторно пуштено во употреба реконструираното игралиште со вештачка трева во присуство на министерот за спорт Борко Ристовски. Реконструираното спортско игралиште во Гимназијата „Мирче Ацев“, а финансирано со 3 милиони денари од Министерството за спорт. Универзалната сала под владение на Комфи Ангел наскоро ќе биде во функција на спортски Прилеп, посочи Ристовски, се бара решение за салата Македонија, а спортскиот комплекс Маркови Кули ќе биде даден во владение на Општина Прилеп.

– Направивме едно решение да прескокнеме некои административни чекори.  Наместо да се предава во владение Универзалната сала од ПУИГ (Акционерско друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор) на Министерството за спорт, па потоа на компанијата Комфи Ангел, постапката се одвива директно меѓу ПУИГ и заинтересираната компанија Комфи Ангел, сопственик на РК Прилеп.

Компанијата Комфи заради користење на подолг период, да ја реконструира спортската сала и потоа да им биде дадена на користење. Што се однесува до другата спортска сала Македонија ќе биде раскинат договорот во најбрз можен рок. Во моментов не го раскинуваме договорот затоа што немаме обезбедено буџет за реконструкција. Оној момент кога ќе обезбедиме буџет, мислам до крајот на годината, ќе го раскинеме договорот, ќе ја реконструираме салата и повторно ќе биде вратена на општина Прилеп на користење. Што се однесува до уште еден објект што е во побарување и ќе оди на една од наредните седници на Владата тоа е спортскиот комплекс Маркови Кули. Договорот е истечен, ќе го  земеме како Министерство под наше стопанисување. Идејата таму е да се најде инвеститор кој што е заинтересиран по патот на јавно приватно партнерство биде даден и на крај на денот бенефит да видете сите вие, а тоа е жителите на Прилеп.

Преговорите за ставање во функција на спортската сала Универзална се во тек. Станува збор за инвестиција од 500 илјади евра за санација на статиката на салата бидејќи во ризик е една од трибините и покривот на салата доколку соодветно не се реконструира. Градоначалникот најави изградба на нови спортски сали за потребите на неколку училишта во градот и едно населено место.

 

 

 

Би можело да ве интересира

Утре (13ти среда) неколку улици остануваат без струја

Елизабета Филипоска

РАДИО ШТО СЕ ГЛЕДА – Петејчук : Го направив вистинскиот потег со доаѓањето во Победа (ВИДЕО + ФОТО )

Прилепчанецот Дарко Крстески е новиот тренер на второлигашот Новаци

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе