6.1 C
Прилеп
четврток, 6 март, 2025
Пела Радио

Ристовски: Македонскиот ракомет ќе добива најмногу субвенции од државата

Ракометот неофицијално со децении е во врвот на екипните спортови и според резултатите на клупско и репрезентативно ниво, но и според интересот за овој спорт во Македонија. Министерството за спорт неодамна го официјализира приматот на ракометот, го прогласи за спорт број 1 и со тоа презеде обврска за изготвување стратегија за развој на овој спорт. Државата има намера да застане со сериозни инвестиции во развојот во ракометот, посочи при посетата на Прилеп, министерот Борко Ристовски.

-Она што јас можам да најавам е дека ракометот ќе добива најмногу субвенции од државата, со самото тоа по логика на нештата е прогласен за спорт број 1, со тоа ќе биде класифициран како спорт број 1 ќе добива најмногу средства како субвенции кои што се од државата. Морам да напоменам дека субвенциите од година во година се зголемуваат. Ние од кога сме Министерство и Влада до последната поделба на средствата која што верувам дека ќе биде до средината на април ќе имаме поделено околу 20 милиони евра кое што е сериозна сума на пари за вложување во спорт. Претходно, ако се сеќавате немаше никакви исплати кон спортските субјекти кон федерациите и клубовите итн. Ние правиме зголемување на средствата кои што ќе ги добиваат клубовите и спортот, а следствено на тоа како спорт број 1 ракометот ќе добива најмногу средства, посочи министерот Ристовски.

Покрај инвестициите во спортските клубови за развој на еден спорт како што е ракометот, потребни се сериозни зафати во спортската инфраструктура. Прилеп е ракометен град со два суперлигаши во машка и во женска конкуренција. При две спортски сали вон употреба, без соодветен простор за спортски мегдан Прилеп уште долго во ракометниот спорт ќе бори единствено за опстанок, наместо за врвни подвизи.

Би можело да ве интересира

Градската болница се закити со признание од Владата

Гордана Цветаноска

Буџетот на Општина Прилеп за 2024 тежи близу 29 милиони евра

Елизабета Филипоска

Рано утринава уште едно опожарено возило во Прилеп

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе