12.7 C
Прилеп
недела, 23 март, 2025
Пела Радио

Во Храмот Св. Петка денеска на Младенци молитви за покој на загинатите во трагедијата

 Денеска, по повод  празникот посветен на 40-те севастиски маченици – Младенци, во храмот Св.Пекта ќе се одржи Заупокоена Божествена Литургија и Панихида, молитви за загинатите во трагичната несереќа во Кочани, каде животот го изгубија 59 млади луѓе во пожарот кој се случи во дискотека. Верниците и верниот народ се поканува да дојде во храмот со цел да се сподели колективната болка и тагата со семејствата чии синови и ќерки загинаа во страшната трагедија

СООПШТЕНИЕ ДО ЈАВНОСТА  од црковниот храм ви го пренесуваме  во целост

“Возљубени во Христа браќа и сестри, Со длабока тага и сочувство, храмот Св. Петка ги известува сите верни прилепчани дека во сабота, на 22 март, на празникот посветен на 40-те севастиски маченици – Младенци, ќе се отслужи Заупокоена Божествена Литургија и Панихида за покој на душите на младите што трагично го загубија својот живот во страшната несреќа во Кочани. Во овие моменти на неизмерна болка, ја споделуваме тагата со семејствата на починатите и изразуваме најискрено сочувство. Го повикуваме сиот верен народ да се соедини во молитвата, да ги испросиме од Господа милоста и покојот на нивните души. Истовремено, упатуваме молитви за брзо закрепнување на сите повредени и молиме Бог да им даде сила на ситее семејства да издржат во овие тешки и тажни денови. Вечен спомен и царство небесно за починатите! Господ да ги укрепи сите погодени од оваа трагедија! Со молитви, Храм Св. Петка – Прилеп“, соопштуваат од храмот Св. Петка од Прилеп.

Би можело да ве интересира

Технологијата во служба на негување на традицијата (ФОТО+ВИДЕО)

Пела Редакција

(Видео) Колку зборови има македонскиот јазик?Учениците од СОУ „Наум Наумоски – Борче“ го одбележаа 5 мај , Денот на македонскиот јазик

Елизабета Филипоска

Известување за дезинсекција на територија на општина Прилеп

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе