10.6 C
Прилеп
вторник, 25 март, 2025
Пела Радио

Повредената социјална работничка е вон животна опасност

Во Меѓуопштинскиот центар за социјална работа во Прилеп денеска било пукано од пиштол во социјална работничка, вработена во прилепскиот центар. Жената (36 г) е хоспитализирана во Општата болница Прилеп има прострелна рана и е надвор од животна опасност, посочи Киро Јоноски, директор на ЈЗО Општа болница Прилеп.

„Примена е со прострелна влезно-излезна рана и е во шок-соба. После направените испитувања – компјутер на граден кош и абдомен, утврдено е дека нема повреда на бели дробови, на абдомен, на ребра. Раната е поткожна. Пациентката е примена за понатамошни иследувања. Во моментов е во стабилна состојба која не е животно-загрозувачка“, – изјави д-р Кире Јоноски, директор на прилепската болница.

Жртвата, вработената во Меѓуопштинскиот центар за социјална работа била демнета од напаѓачот подолго време, за што во неколку наврати таа пријавувала. Напаѓачот А.Ј (50 г)бил осудуван два пати поради тоа. Тој бил хоспититализиран во псијатриската болница во Демир Хисар од каде избегал на 20 ти март.  Денеска влегол во МЦСР Прилеп и ја барал жртвата во нејзината канцеларија, и во неколку други канцеларии. Според обвинителот Биновски тој испукал неколку куршуми.

„Настанот се случил во 13:50 . Осомничениот А.Ј (50 г.) е осудено лице кое што бил на мерка на издржување мерка -лекување во психијатриска болница Димир Хисар, односно задолжително лекување траење од година и три месеци. Од таму избегал на 20 ти март, во четвртокот и од институцијата е пријавено дека лицето е избегано. Напаѓачот денеска се појавува во просториите на МЦСР – Прилеп и со огнено оружје, пиштол, пукал према М.Ѓ вработената, во МЦСР, која водела предмет, како жртва на исти дела, на ова осомничено лице. Лицето оди во една канцеларија, ја бара и во други канцеларии и испукува неколку куршуми. Ја погодува во пределот на ребрата. Жртвата има лево излезна рана.

Лицето немало дозвола за поседување на пиштол. Приведен е веднаш и задржан во МВР и во моментот се постапува и се преземаат сите мерки. Претходно таа била следена од обвинетиот, пријавувала и е осуден два пати поради тоа“, информира јавниот обивнител Стевче Биновски, кој веднаш излегол на терен и ја посетил жртвата во болница, која за среќа е вон животна опасност.

Инаку, лицето А.Ј повеќе пати бил осудуван и имал определено затворска казна за следење на М.Ѓ , но сеуште мерката не била правосилна. Тој во МЦСР – Прилеп имал предмет и за семејно насилство кој го водел друг социјален работник. Но, сега жртвата, вработената во МЦСР-Прилеп, М.Ѓ само и’ помагала на својата колешка по овој предемет.

„Лично таа не го водела предметот за семејното насилство“-потенцира , јавниот обвинител Стевче Биновски.

 

Би можело да ве интересира

Состојба со Ковид 19 во Прилеп

115 годишнината од загинувањето на Гоце Делчев – датумот го одбележа ДНУ-Прилеп

Елизабета Филипоска

Дали вакцината Астра Зенека е безбедна?!

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе