10 C
Прилеп
вторник, 25 март, 2025
Пела Радио

НУЦК Марко Цепенков: Прилеп остана без објектот на театарот -ДЗС утврди15 неправилности во зградата

Она на што актерите, културните работници алармираа – дека објектот на Народниот театар Војдан Чернодрински не е безбеден – го потврди Дирекцијата за заштита и спасување. По барање на вработените во прилепскиот театар на 17 ти март до Дирекцијата, наредниот ден, на 18 ти од Министерството за култура стигнало барање да се проверат состојбите во објектите од културата. Дирекцијата извршила надзор на 24 ти март и утврдила 15 неправилности во објектот на зградата од прилепскиот театар. 

-Уште на 17 март побаравме од Дирекцијата да се изврши вонреден инспекциски надзор за да се констатираат состојбите во стариот објект на театарот „Војдан Чернодрински“. Наредниот ден, на 18 март, од Министерството за култура стигна барање да се проверат состојбите во објектите од културата. Дирекцијата изврши надзор во текот на вчерашниот ден, 24 март и констатира 15 неправилности во објектот. Усно нѐ информираше дека имаме забрана за настапи во објектот. Во меѓувреме го чекаме решението на ДЗС за да постапиме, вели за МИА Михајло Миленкоски, раководител на прилепскиот народен театар „Војдан Чернодрински“.

Од Центарот за култура „Марко Цепенков“ под чија надлежност функционира Народниот театар Војдан Чернодрински Прилеп соопштуваат:

Почитувани почитувачи, следбеници, поддржувачи, верна публико и драги прилепчани, со доза на горчина ве извесуваме дека: Согласно препраката од Министерството за култура и туризам, а на официјално барање од страна на НУЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп, после извршениот формален инспекциски надзор и констатирање на серија фактички недоследности и отстапки од официјално пропишаните елементарни норми и стадарди за безбедно и непречено функционирање на една јавна институција, согласно член 141д. алинеа 2,3 и 4 од Законот за заштита и спасување, со усно врачено решение се забранува користење на објектот Народен театар „Војдан Черодрински“ – Прилеп, како објект за масовни приредби. Тоа значи дека Народниот театар „Војдан Черондрински“ – Прилеп на неопределено време се става надвор од употреба за секаков вид на официјални театарски поставки, настани и случувања кои подразбираат масовно присуство на публика во организација на самиот театар. Следствено, тоа подразбира дека сите премиери, театарски постави и други слични настани од масовен карактер се одложуваат на неодредено време. Прилепскиот театар, во очекување на официјалната формална писмена забрана за јавни настани од масовен карактер на публика, ја известува јавноста дека тековните активности за подготовки на претстојни премиери, како и актуелните проби на актерскиот ансамбл, остануваат во редовно дејство и ангажман. За сите понатамошни решенија и одлуки од надлежен институционален ентитет кои не обврзуваат на спроведување на истите, ве замолуваме да се водите и држите до официјалните објави на засегнатите институции – НУЦК „Марко Цепенков“, Прилеп и НТ „Војдан Чернодрински“, Прилеп. Театарот и Центарот за култура својата смисла на постоење ја гледаат и доживуваат само во нормална и непречена интеракција со публиката. Поради тоа, театарот и центарот за култура се држат до оптималните услови за сечија целокупна безбедност, одговорност и непречено доживување и искуство на културно-уметничките содржини. Ваши НУЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп и НТ „Војдан Чернодрински“ – Прилеп

Би можело да ве интересира

Тутунари: Зар сите придобивки треба да си ги бараме на протести?!

Гордана Цветаноска

Хуманитарен гест за почит и поттик, прилепските фризери, бербери, козметичари со донаторска акција за пациентите и персоналот во болницата

Гордана Цветаноска

(ВИДЕО) Ликот на Стале Попов „излезе“ на мурал

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе