Во малата галерија на Завод и музеј Прилеп (сместена во зградата на првото женско Бабанеделино училиште, утре од 19 часот ќе се биде отворена изложбата „111 години Аче“. Ќе бидат презентирани збирка на цртежи, материјал во ракопис како и дела во сопственост на семејството на уметникот Ѓорѓи Ачески – Аче .
Прилепскиот уметник Аче живеел да црта и создал повеќе од 4 илјади цртежи. Неговите цртежи најмногу придонеле да се определи тематски за старата архитектура. Мотивите ги наоѓал во градските периферии и селските населби низ цела тогашна Југославија. Тие за него претставувале непресушен извор на инспирација и притоа, откривајќи ги нивните тајни, се ставал во улога на истражувач.