12.9 C
Прилеп
вторник, 6 мај, 2025
Пела Радио

Министерот за култура и туризам Љутков во прва работна посета на Прилеп

Утре, четврток 10.4.2025 г. министерот за култура и туризам Зоран Љутков заедно со државниот секретар Марија С. Ѓоргова, ќе престојуваат во работна посета на Општина Прилеп. Ова е прва посета на ресорниот министер за култура и туризам на Прилеп, и тоа непосредно по ставањето вон употреба на салата на НТ Војдан Чернодрински  и големата сала на Центарот за култура Марко Цепенков и киното Мис Стон.

Како што најавуваат од кабинетот на министерот планирана е посета на НУЦК „Марко Цепенков“, а  Љутков и Ѓоргова ќе ги посетат: црквата „Св. Благовештение“, археолошкиот локалитет Стибера, како и  македонско духовно светилиште, манастирскиот комплекс „Трескавец“ каде се планирани изјави за новинарите.

Би можело да ве интересира

Над 300 пријави за социјална пензија во Меѓуопштинскиот Центар за социјална работа Прилеп

Гордана Цветаноска

Гала годишен концерт на КУД „Илинден“ Сиднеј“ – чувар на македонската традиција во Австралија

Гордана Цветаноска

(Видео) Невремето за час ја уништи маката на тутунарите во Пелагонија

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе