11.4 C
Прилеп
вторник, 6 мај, 2025
Пела Радио

Хуманитарна стенд-ап комедија за помош на семејството Јованоски од Прилеп

Хуманоста и солидарноста повторно ќе бидат во фокусот на прилепчани! Овој пат, преку забава, смеа и добро расположение, жителите на Прилеп ќе имаат можност да помогнат на едно семејство во неволја.
На 17 април 2025 година, во 19:00 часот, во MONARCA , ќе се одржи хуманитарен Stand Up Comedy настап, организиран од Црвениот крст на Република Македонија – Општинска организација Прилеп, во рамките на програмата „Црвен Крст во Акција – Промоција на Хумани Вредности“ (ЦКА-ПХВ).
Главен изведувач на вечерта ќе биде популарниот стенд-ап комичар Александар Георгиевски, кој со својот уникатен хумор и харизма ќе ја насмее публиката, но и ќе ја потсети на важноста на човечката поддршка.
Сите средства собрани од продажбата на влезниците (кои чинат само 200 денари) ќе бидат донирани за семејството Јованоски, кое остана без својот кров над главата по катастрофалниот пожар во февруари оваа година. Пожарот ја уништи нивната куќа, а без кровот, живеењето во неа е невозможно, оставајќи ги во многу тешка состојба. Секој купен билет значи чекор поблиску до обновата на нивниот дом и враќање на нормалниот живот.
Зад оваа иницијатива стои тимот на млади волонтери од ЦКА-ПХВ, кои посветено работат на разни хуманитарни проекти во Прилеп. Тимот, предводен од тим-лидерот Матеј Трајкоски, подготви незаборавна вечер исполнета со смеа, но и со значење.
Влезниците може да се набават преку контакт со организаторите на 075/767-407 (Матеј) или на самата врата пред почетокот на настанот.
Не пропуштајте шанса да бидете дел од една вечер која ќе ви донесе насмевки, но и ќе направи разлика во нечии животи. Доаѓаме да се смееме, но и да помогнеме!

Би можело да ве интересира

Прилепската болница, доби амбулантно возило – донација од СР Германија, со посредство на невладината ЦГИ

Гордана Цветаноска

Започна реконструкцијата на патот за Мариово,Крушево ќе ги реконструира улиците

Елизабета Филипоска

Македонскиот јазик – два пати меѓу избраните во светот

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе