19.6 C
Прилеп
понеделник, 5 мај, 2025
Пела Радио

(ВИДЕО)Нема паркинг-нема пазар!-прилепските пазарџии незадоволни од состојбата на пазарот

Прилеп во минатотот бил многу развиен трговски и занаетчиски град. Уште при создавањето на градот, создаден е и Прилепскиот пазар во кој луѓето врешеле трговија на стока и прехрамбени производи.

Не попусто се рекло, пазарот е душата на Прилеп. Но, од година во година состојбата на пазарот се влошува. Се помалку производители, се помалку трговци, а уште помалку купувачи. Причините за таквата ситуација, според нашите соговорници се побројни. Немањето на соодветен паркинг во близина, институционалната негрижа, промената на навиките да се пазари од маркети, немањето интерес кај младите да работат на пазарите се дел од причините кои, според пазарџиите, довеле до ваквата незавидна состојба на пазарот.

Очигледно, потребна е темелна реконструкција на пазарот, санирање на она што може да се санира и инфраструктурни решенија и содржини кои ќе ги вратат муштериите, пазарџиите, но и сјајот на Прилепскиот пазар кој не е само место за продавање и купување, туку и место за социјализација на жителите на Прилеп и на жителите од околните села и градови.

Погледенете го видео материјалот и изјавите на нашите соговорници.

новинар: Филип Димкоски

техничка реализација: Никола Димески

 

Би можело да ве интересира

Спас на дете во бунар – симулативна вежба на прилепските пожарникари

Елизабета Филипоска

МЗШВ: Земјоделците да се подготват за обилни врнежи од дожд и невреме

Гордана Цветаноска

Пелагониските сточари: не се живее без плата, субвенции и без откуп на јагнешкото!!!

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе