16.9 C
Прилеп
недела, 4 мај, 2025
Пела Радио

Лишени од слобода петмина прилепчани кај кои е пронајдена дрога

За два дена приведени петмина прилепчани кај кои е најдена дрога.

На 16.04.2025 во 00.00 часот на ул.„Орде Чопела“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР  Прилеп ги лишиле од слобода В.А.(22), С.А.(36), Б.И.(26) и Г.А.(32), сите од Прилеп. При преглед кај Г.А. била пронајдена прашкаста и грутчеста материја, додека при преглед во патничко возило „опел” со битолски регистарски ознаки во кое се превезувале, а го управува В.А., била пронајдена марихуана.

По документирање на настанот, ќе следува соодветен поднесок. .

А, вчера на 15.04.2025 , во 18.10 часот на Бул„Гоце Делчев“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода И.Џ.(27) од Прилеп затоа што кај него била пронајдена марихуана.

По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок, информираат од СВР Битола

Би можело да ве интересира

Му го запалиле возилото во дворот

Пела Редакција

Криминалец од Штип фатен и приведен во Прилеп

Прилепчанец починал додека го напасувал добитокот

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе