30.6 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Активни два пожари во прилепско

Oд вкупно 25 во текот на денешниот ден, aктивни се осум пожари на отворен простор заклучно со 18:30 часот, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Изгаснати се 15, а под контрола се пет пожари на отворено.

Во општина Прилеп активни се два пожари помеѓу с. Царевиќ и с. Смолани мешана шума и ниска вегетација и кај с. Никодин, с. Ракле, с. Фариш гори ниска вегетација и ретка шума. Покрај во прилепско гори и  во Василево кај с. Нивичино каде гори нискостеблеста шума, во Македонски Брод кај с. Грешница  каде  се зафатени мешана шума и ниска вегетација, во Липково кај с. Виштица  ниска вегетација и стрниште, во Битола кај населба Довлеџик е реактивиран пожарот со зафатена ниска вегетација, во Росоман кај с. Трстеник горат напуштени ниви и во Илинден кај Индустриска зона Илинден каде горат ниска вегетација, слама и објект.

Би можело да ве интересира

Прекини во повеќе населени места и индустриска зона

Утре почнува капањата и за парламентарните избори, а 24 април и 8 мај се неработени денови и нема да се одработуваат

Пела Редакција

Манифестација „Од 0 до култура“ – вечерва прилепската група „The Flames“

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе