29.8 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Од вкупно 9 активни пожари, два на територија на прилепска општина

До 12:30 часот, денеска 28 ми јули, според податоците од Центарот за управување со кризи (ЦУК), низ територијата на Македонија се регистрирани вкупно 15 пожари на отворен простор. Девет од нив се сè уште активни, а шест се ставени под контрола.

Мешани шуми и ниска вегетација горат и во шумскиот појас меѓу Прилеп и Кавадарци, во реонот на селата Царевиќ, Смолани, Радобил, Дрен, Галиште и Трстеник.

Пожарот кај с. Бешиште, м.в. Бешишки Рид, краци кон с. Градешница (опш. Новаци) и кон границата со Р. Грција (мешана шума) е сеуште активен бидејќи интервенција не се изведува поради детонации, соопштуваат од Центарот за управување со кризи.

Најдраматично е во источниот и јужниот дел на државата.

ЦУК апелира до граѓаните да не палат оган на отворено, да пријавуваат веднаш секој забележан чад и да соработуваат со надлежните служби. Прогнозите најавуваат нестабилно време со ветер, што дополнително го зголемува ризикот за ширење на пожарите.

Би можело да ве интересира

Здружение Тутунски земјоделци: прецизни барања за фер откуп, реална цена и иднина на секторот

Започна вакцинацијата на лица над 77- За Прилеп 900 вакцини

КОГА ЌЕ СЕ КРЕВА ЛЕПЧЕ ПО ПОВОД СЛАВАТА СВ. АРХАНГЕЛ МИХАИЛ?

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе