29.7 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Коњаницата пристигнува вечер во Крушево, почнуваат Илинденските чествувања

Коњаниците од традиционалниот „Илинденски марш“ кои од повеќе страни од Македонија тргнаа за Крушево по повод најголемиот национален празник Илинден ќе пристигнат вечерва. За таа пригода организиран е свечен дочек во градскиот парк во Крушево од 18 и 30 часот, информираше градоначалникот Томе Христоски. Почнуваат чествувањата и богатата програма во рамките на манифестацијата „Десет дена Крушевска Република“.

Утре, на 1ви август, петок, во 10 часот, венци и свежо цвеќе делегации ќе положат пред споменикот на Дамјан Груев, а од 19 часот ќе биде положено свежо цвеќе на бистата од Веле Марков, на гробот од Питу Гули, на гробот од Тоше Проески, пред споменикот на партизанските гробишта, Криптата на Илинденските востаници. Церимонијалното отворање на манифестацијата ќе започне од 20 и 30 часот со интонирање на химната  во изведба на Биљана Јосиф, сопран. Традиционално ќе биде прочитан „Крушевскиот манифест“ во изведба на Борче Николовски.На отворањето, планирани обраќања на Томе Христоски, градоначалник на Општина Крушево и Зоран Љутков, министер за култура и туризам.

Културно забавната програма започнува со концерт на Националниот ансамбл “Танец”, по што ќе следи целовечерен концерт на Ефто Пупиноски.

Во чест на Крушевската Република,  на полноќ ќе биде изведен инпровизиран напад на градот. Богатата програма во рамките на манифестацијата „Десет дена Крушевска Рупублика“ продолжуваат до 10 ти август.

 

Би можело да ве интересира

Прва самостојна изложба „Маркукуле – живо” на Ивана Темелкоска во Цепенков

Искршени дрвја и украдени зимзелени растенија

(ВИДЕО)Најважно ни е да направиме две/три соби да се прибереме заедно, како што си бевме

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе