18.3 C
Прилеп
среда, 8 јули, 2026
Пела Радио

Подобрувањето на патната инфраструктура во руралните средини

„Подобрувањето на патната инфраструктура во руралните средини ќе биде во фокусот на нашето делување како Локална самоуправа во следниот мандат,“ – изјави Игор Николоски од Советничката листа на ВМРО ДПМНЕ, на денешната прес конференција.

Свесни сме дека квалитетните и безбедни патишта се предуслов за рамномерен локален развој, за поуспешно стопанство и за подобар квалитет на живот на сите жители во прилепските населени места. Секое село, секоја улица и секој жител заслужуваат подеднакво исти услови како и оние во градот. Затоа, во нашата програма предвидуваме рехабилитација на улици во руралните населби во должина од над 8.000 метри, со што значително ќе се подобри локалната мобилност и секојдневното функционирање на граѓаните. Следува реализација на неколку големи и значајни проекти за реконструкција и изградба на локални патишта: -Реконструкција и проширување на локалниот пат с. Тополчани – с. Тројкрсти – с. Чепигово, -Реконструкција и проширување на патот с. Тополчани – с. Канатларци, -Реконструкција и проширување на патниот правец Мало Коњари – Кадино Село, -Реконструкција на локалниот пат Беловодица – Дрен, – како и изградба на нови патишта с. Бешиште – с. Полчиште и с. Ореовец – с. Крстец.

Со реализација на овие проекти, Општина Прилеп ќе добие подобра поврзаност меѓу населените места, побрз пристап до образовни, здравствени и економски центри,вели Николоски,  но и многу подобри услови за развој на земјоделството, сточарството и локалниот бизнис.

„Ова не се само ветувања, ова се конкретни, остварливи планови кои произлегуваат од реалните потреби на граѓаните. Наша цел е секое населено место да биде поврзано, достапно и функционално. ВМРО-ДПМНЕ и нашиот тим на советници ќе бидат посветени на вистински дела, реални решенија и проекти што носат резултати, за силен Прилеп, за развиени села и за иднина која чекори напред со сигурен чекор. Затоа почитувани сограѓани на овие локални избори гласајте за бројот 9, единствениот вистински избор.“,потенцира тој

Би можело да ве интересира

Кои ја сочинуваат кандидатската листа на СДСМ за членови на Совет на Општина Прилеп?!

Пела Редакција

ВМРО ДПМНЕ ќе одржи трибина во Прилеп: Економски раст и дигитална трансформација

Прв независен советник во советот на Општина Прилеп

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе