30.2 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Кои ја сочинуваат кандидатската листа на СДСМ за членови на Совет на Општина Прилеп?!

ОО СДСМ – Прилеп, ја објави кандидатската листа на СДСМ и Коалицијата за Советот на Општина Прилеп, за престојните Локални избори 2025 .
Покрај Петра Лукароска, претседателката на ОО СДСМ – Прилеп, како кандидатка за градоначалник на Општина Прилеп,  кандидатската листа за членови на општинскиот Совет ја сочинуваат: Драгица Николоска, носител на листа, поранешен директор на Центарот за јавно здравје – Прилеп,  Филип Секулоски, поранешен директор на Ученичкиот дом “Орде Чопела“, актуелниот советник, Александар Китаноски, Стеван Талески (Коалиција, НСДП), Сузана Дарковска (Коалиција, ВМРО-НП), Сенат Шабаноски, Саша Лепиткова, Игор Јорданоски, Сашка Димоска Петреска, Златко Талески,  Анета Неданоска, Бајрам Јусуфоски, Магдалена Тројачанец Ристевска, Душко Стојсављевиќ, Наталија Тасламическа Јордевски, Слободан Илијоски, Билјана Темелкоска, Роберт Костовски, Тања Барлакоска,  Филип Димески, Стефани Видеска, Кирил Цуцулески, Васко Мисески, Марија Соколоска, Глорија Блажеска (од Коалицијата), Жарко Колевски и Андреја Маркоска (од Коалиција).
Според роковникот ДИК во рок од три дена (најдоцна до  денеска14 септември) од денот на завршување на јавниот увид, го доставува избирачкиот список до политичките партии кои поднеле барање до денот на завршување на јавниот увид. ДИК го заклучува Избирачкиот список во кој се извршени сите промени кои произлегле од јавниот увид најдоцна на 26 септември.Почитувајќи ги роковите,  изборната кампања започнува на 29 септември. Локалните избори се закажани за 19 октомври.
Ќе се гласа во 80 општини и Градот Скопје на 3480 избирачки места.

Би можело да ве интересира

(Видео) Пролетна радост на новото инклузивно игралиште! Сите деца се исти – сите заедно учат да ја чуваат околината

Засилување на медицинскиот тим во прилепската болница со 22 млади доктори

Близу 8 милиони евра за Прилеп од вториот повик за инфрстурктурни проекти на Владата

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе