Јавен Простор Прилеп утре, вторник, во 20 ч. го организра следниот градски настан, концертот на групата Фолтин, која многумина ја сметаат за своја/наша. Концертот ќе се одржи во задниот двор од Театарот “Војдан Чернодрински”
„Концертот е посветен на прилепско–битолската љубов која трае многу години и го правиме за вистинските фанови на Фолтин. Знаеме дека просторот е ограничен, но сигурни сме дека ќе ги прими верните фанови и заитересираните граѓани. Комшиски концерт, комшиска услуга„ -велат од Јавен Простор Прилеп
Музичкиот јазик на „Фолтин“ е фонетска имитација на јазици, како што се: шпански, француски, португалски, романски, таканаречен „спонтан eсперанто“ итн. „Фолтин“ себеси се опишуваат како псевдоемигрантско кабаре, и често нивните концерти се претвораат во вистински перформанси.
Среда, пак , во старата чаршија групата The Hounds ќе одржи концерт и со тоа ќе то прослави својот 10 годишен роденден. На концертот групата ќе го промовира и првиот албум „Кај ни се срцата?“.
„Еден од оние моменти кога се има вистинска причина сите да се собереме на едно место…„- велат од Јавен Простор Прилеп