17.6 C
Прилеп
четврток, 9 јули, 2026
Пела Радио

“Мораше баш сега” нова одлична песна на CROSSROAD BLUES BAND

Деновиве се појави новото музичко остварување  на најпопуларните блузери од Прилеп – CROSSROAD BLUES BAND кое носи наслов “Мораше баш сега”  и веднаш го привлече вниманието на публиката. Песната нема да ве остави рамнодушни, а бендот, во свој стил, повторно ја раздвижи македонската музичка сцена и не ја остави рамнодушна на нивниот музички израз.

Ова музичко парче претставува уште една потврда за креативниот и музички зрел израз на Crossroad Blues Band Reloaded, бенд кој доследно внесува свежина на македонската музичка сцена.

Новата авторска песна и видео спот за само неколку дена од нејзиното појавување, веќе привлекува големо внимание, бележејќи растечки број на прегледи на социјалните мрежи, што е потврда за одличниот звук и текст.  „Мораше баш сега” е певлива и емоционално разбирлива приказна, која говори за љубовта што се враќа кога не веруваш во тоа, но и за тежината на спомените што не престануваат да прогонуваат, кога во прашање е љубовата.

Текстот е дело на гитаристот во бендот Бранко Нешкоски, а музиката е на Давид Нешкоски кој е и лид вокал. Интересно е тоа што бендот сам си направил аранжман, аудио и видео продукција, обликувајќи го секој нејзин дел.

Во Песната “Мораше баш сега” со своите квалитетни изведби се вклучени и  другите членови на бендот: тапанарот Зоран Настески, бас гитаристот Љупчо Шилоски и вокалите Викторија Георгиоска и Александра Трајческа.

 

 

Би можело да ве интересира

СВР Битола и ОВР Прилеп го одбележаа Денот на македонската полиција, 7ми Мај

ИН МEMOРИAM: Почина Тони Петрески, социјалдемократ и некогашен кандидат за градоначалник

Говорниците во прв план, решенијата во сенка – маратон на зборови на маратонска седница на Совет прва од ваков вид

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе