27.5 C
Прилеп
среда, 8 јули, 2026
Пела Радио

Полициски билтен: приведени тројца прилепчани за закани, навреди и за полово вознемирување

Во два одделни случаи приведени тројца прилепчани вчера, 07.07.2026. Двајца од нив навредувале, агресивно се однесувале и се заканувале кон полициски службеници, а третиот сексуално вознемирувал жена во нејзиниот дом пред малолетната ќерка:

  • На 07.07.2026 во 12:00 часот во ОВР Прилеп полициски службеници од ОВР Прилеп на крстосница од ул „Егејска“ и ул.„Прилепски Бранители“ во Прилеп ги лишија од слобода Д.В.(43) и И.Б.(41) двајцата од Прилеп,  бидејќи истите агресивно се однесувале и упатувале навреди и закани кон полициските службеници . По документирање на настанот ќе следуваат  соодветни поднесоци.
  • На 07.07.2026 во 19:00 часот полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода Д.В.(71) од Прилеп, постапувајќи по пријава од 40- годишна прилепчанка дека во нејзиниот дом во Прилеп, додека пријавителката била заедно со нејзината малолетна ќерка, дошол Д.В., по што полово ја вознемирувал, а се обидел и да ја допира пријавителката по телото. По документирање на настанот ќе следува  соодветен поднесок.

Би можело да ве интересира

Расчистен случај за лажна пријава за наводно поставена експлозивна направа во училиште во Житоше

Промоција на нова книга за деца од Лина Димоска

Пела Редакција

НЕКА НИ Е ЧЕСТИТ ДЕНОТ НА НЕЗАВИСНОСТА – 8ми СЕПТЕМВРИ!

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе