22.4 C
Прилеп
вторник, 7 јули, 2026
Пела Радио

Пресудија 19 гласови во Крушево, неофицијално Нико Чонески од ВМРО ДПМНЕ е нов градоначалник

Првични неофицијални резултати за вториот круг од Локалните избори за гласањето во регионот:

Голема победа на  ДРАГАНЧО САБОТКОВСКИ од Коалиција „ТВОЈА МАКЕДОНИЈА“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ во општина Могила  со 79,86% од гласовите вкупно 2.070, наспроти независниот кандидат САШО ПИВКОВСКИ со 16,01% или 415 гласови.

Во општина Долнени победата ја однесе БЛЕРИМ ИСЛЈАМИ од КОАЛИЦИЈА ВЛЕН со 57,38% од гласовите или вкупно 3.979 наспроти САШКО ВЕЛЈАНОСКИ од Коалиција „ТВОЈА МАКЕДОНИЈА“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ со 40,37% од гласовите или 2.799.

До последен момент „мртва трка“ во Крушево каде победата ја однесе НИКО ЧОНЕСКИ од Коалиција „ТВОЈА МАКЕДОНИЈА“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ 48,58% од гласовите или 2.661 наспроти досегашниот градоначалник ТОМЕ ХРИСТОСКИ од Коалиција за локални избори 2025 година предводена од СДСМ со 48,24% или вкупно 2.642 гласови што е разлика само од 19 гласови.

Би можело да ве интересира

Два пожара во Прилеп, повреден пожарникар

„Со знаење до ѕвездите“ порачаа учениците од ООУ „Кире Гаврилоски“ (ГАЛЕРИЈА)

Од утре нема одење во шума! Ќе следат казни!

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе