22.4 C
Прилеп
вторник, 7 јули, 2026
Пела Радио

Приведен 22-годишен прилепчанец – управувал возило со 1,75 промили алкохол во крвта

Утрово, (05.11.2025) во 02:00 часот на ул.„Тризла” во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода А.Е.(22) од Прилеп.

При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „опел” со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал А.Е., и при преземање мерки констатирано е дека го управувал под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,75 промили алкохол во крвта.

По целосно документирање против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Би можело да ве интересира

Автомобилот излетал од патот, возачот починал на пат кон болницата

Малолетници предизвикале сообраќајна незгода, пријавени неколку физички напади и едно исчезнато лице

Запалил ѓубре на патот кај вештачкото езеро и ќе предизвикал пожар

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе