19.6 C
Прилеп
среда, 17 јуни, 2026
Пела Радио

Пуштени во употреба 2 реконструирани мултифункционални спортски игралишта во населбата Точила

Во паркот на населбата Точила денеска во присуство на министерот за спорт Борко Ристовски беа пуштени во употреба двете рекоструирани и збогатени спортско – рекреативни игралишта како дел од 30 тината слични спортски терени во Македонија предвидени за реконструкција на ресорното министерство.

– Преку санација и реконструкција на вакви игралишта обезбедуваме масовност за спорт и рекреација на младите и возрасните. Ова е многу важен сегмент за социјализација на младите, што повеќе да ги отргнеме од сите оние модерни предизвици на денешницата и да ги донесеме да спортуваат и да рекреираат и да се дружат. Благодарам на Градоначалникот за соработката и поддршката без што не ќе можевме да го изведеме проектот за така брз рок и би посакал што повеќе млади луѓе го користат, да се дружат и заедно да можеме преку социјализација да градиме здраво општество, рече министерот Ристовски.

Општина Прилеп продолжува со напорите за санација на постоечката спортско-рекреативна инфраструктура. Но потребно е и граѓаните да дадат свој придонес преку грижата за вакви и слични објекти:

– Апелирам до сите жители на оваа населба и до сите корисници да внимаваме и да ги чуваме овие добра кои со средства од Министерството се инвестирани овде. Треба да се одржува и чува, ако ние сами не го одржуваме за брзо време би станало повторно руина овој простор.

Би можело да ве интересира

Жителите на Жабино маало го одбележаа Св. Никола

Пела Редакција

ПОБЕДА ДАДЕ ТРИ ГОЛА ВО ЦРНО БУКИ

Забрана за движење во шуми

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе