На само 11 години прилепско момче ќе ја претставува Македонија на најголемата европска младинска билјард сцена кое се одржува од 13ти до 22ти јули во Подчетртек, Словенија, каде Марко е најмладиот натпреварувач. Со овој настап, Марко Митанов од БК „Табана“-Прилеп започнува да испишува спортска приказна вредна за почит. (Годинава на јуниорското ЕП за Билијард 2026, учествуваат 90 натпреварувачи од 23 држави, а Македонија настапува со тројца свои претставници во категоријата У17: Андреј Ѓурчиновски (17) од Скопје, Илија Димовски (18) од Битола и прилепското момче Марко Митанов (11)).

На ова европско натпреварување Марко ќе се соочи со најдобрите млади играчи на билијард од целиот европски континент. Натпреварувачите ќе се натпреваруваат во четири билијард дисциплини.
„Иако според, годините е најмладиот учесник на европското превенство, Марко не патува на шампионатот само за да стекне искуство, туку и да покаже што знае и како е да се биде дел од едно големо европско натпрееварување и да се преставува својата држава. А, ова не е случајно! Зад неговиот настап стојат стотици часови тренинзи, дисциплина, трпение и љубов кон спорт, кој бара прецизност, концентрација и силен карактер, вели неговиот тренер Владимир Ѓорѓиески од БК „Табана“ – Прилеп, горд што неговиот ученик е еден од тројцата натпреварувачи кои ќе ги бранат боите на Македонија во составот на Македонската јуниорска репрезентација.

За многумина билјардот е рекреација, но за Марко тоа е предизвик во кој секој удар е нова лекција, а секој натпревар можност да стане подобар, вели Ѓорѓиески кои верува дека момчето ќе стекне многу искуство на ова натпреварување.
А, да се биде најмладиот меѓу најдобрите е доказ сам по себе, дека талентот не се мери со годините, туку со посветеност и желба за успех.
„Тренирам секој ден по два часа најмалку,освен во недела. Го сакам овој спорт од моментот кога дојдов во клубот. Добар сум во сите дисциплини, но најдобар во билијард дисциплина 9-ка …“ раскажува младото момче кое има држење на џентлемен, став и прецизен удар на искусен ас во билијард, сигурност во себе, верба во она што го прави и неизмерна љубов кон билјардот како спорт.

А, настапот на Европското првенство претставува за Марко Митанов е големо признание не само за него, туку и за прилепскиот и македонскиот спорт. Тој, вели, е горд што ќе се вее македонското знаме во Словенија и што ја добил честа од Билијард федерацијарта на Македонија да биде дел од македонската младинска репрезентација во билијард. А, Македонија и Прилеп веруват во него!
Но, без оглед на конечниот резултат, Марко веќе постигна нешто што ретко кому му успева – на само 11 години да ја претставува Македонија на европска младинска билјард сцена.
И, ова е само почеток на една голема спортска приказна, за 11-сет годишното момче од Прилеп кое прави билијардот да изгледа како лесна спортска игра и кое има само една желба – да го стигне билијард мајстрот Џошуа Филер и еден ден да стане како него, најдобриот билијард играч на светот.
Среќно момче кон твојата цел!


