16.9 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Засилување на медицинскиот тим во прилепската болница со 22 млади доктори

Прилеп доби 22 нов доктори –  21 по општа медицина и еден доктор по стоматологија, кои денеска добија решенија за вработување во прилепската болница “Борка Талески”.

Новопримените доктори се млади професионалци кои во болницата ќе донесат нови знаења и енергија со силна посветеност кон медицинската пракса. Тие ќе бидат распределени во различни служби согласно потребите на установата. Нивното приклучување ќе овозможи поквалитетна, побрза и подостапна здравствена грижа, како и дополнително растеретување на постојниот медицински кадар, велат од прилепската болница.

-Нашата болница продолжува да инвестира во развојот на човечките ресурси, знаењето и професионализмот, со цел континуирано подобрување на здравствените услуги и обезбедување високи стандарди во третманот на пациентите. На новите колеги им посакуваме успешна работа, професионални успеси и заеднички придонес кон здравјето на нашите сограѓани – стои во соопштението од болницата “Борка Талески” Прилеп.

Би можело да ве интересира

Во Прилеп се поставува пункт за донации за настраданите во земјотресот во Турција и Сирија

 Митрополит Петар: Климентовото дело има апостолски размери

Пела Редакција

Трчаме, се грижиме за лицата со церебрална парализа (We Run – We Care)

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе