29.8 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Игор Николоски именуван за заменик градоначалник на Општина Прилеп

Професорот Игор Николоски, долгогодишен кадар во нижото основно музичко училиште „Ордан Михајлоски-Оцка“, е именуван за нов заменик градоначалник на Општина Прилеп.

Николоски е добро познат на прилепската јавност не само по својата богата педагошка кариера, туку и по неговото повеќегодишно активно учество во работењето на Советот на Општина Прилеп. Во Советот, како советник, тој континуирано ги застапува интересите на граѓаните и придонесува во носењето на локалните политики.

Со назначувањето на новата функција, Општина Прилеп добива заменик градоначалник со долгогодишно професионално искуство, силна врска со локалната заедница и изразена посветеност на образованието и јавниот интерес.

Би можело да ве интересира

Кандидатите за градоначалници на Прилеп го потпишаа Кодексот за фер и демократски избори

Премиерот на увид на патниот правец Прилеп-Битола

Пела Редакција

(ВИДЕО)Прилеп и ЕУ ќе ги развиваат потенцијалите во економијата, инфраструктурата и туризмот

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе