Најниската температура утрово е измерена во Берово -2 степени, а највисока во Гевгелија, Претор, Прилеп и Битола со 4 степени.
Во Прилеп денеска облачно време со услови за слаб дожд попладне со максимална температура до 5 степени.
Во Македонија времето променливо облачно, претпладне со појава на магла по одделни котлини. Попладне и во текот на ноќта се очекуваат повремени локални врнежи од дожд, а на планините врнежите ќе преминуваат во снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне од 5 до 10 степени.
Под влијание на влажен бран во следните два дена ќе има повремени локални врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни (над 25 l/m² за 24 часа). На планините врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира снежна покривка до 15 cm. Поради спуштање на постуден воздух од север, во четврток врнежите од дожд ќе преминуваат во снег и на некои од повисоките места. Од петок ќе има стабилизирање на времето.

