17.7 C
Прилеп
среда, 8 јули, 2026
Пела Радио

Прилеп се подготвува за Карневалот „Прочка 2026“

Во пресрет на празникот Проштени поклади – Прочка Прилеп се подготвува за традиционалниот Карневал кој што е еден од традиционалните настани и манифестации за градот. Градоначалникот Дејан Проданоски остварил средба со првите луѓе на Федерацијата на европските карневалски градови со претседателот на Федерацијата на европски карневалски градови (FECC), г-дин Ларс Алгел од Шведска и потпретседателот Александар Цицимов.

Од средбата треба да произлезе поголема промоција на Прилеп за позиционирањето на градот како важна карневалска дестинација во Европа и подигнување на прилепскиот Карневал на повисоко  меѓународно ниво за привлекување поголем број на учесници со атрактивна програма.

Би можело да ве интересира

Комплексот Маркови Кули – чекор поблиску до постојаната листа на УНЕСКО

Двајца прилепчани со форд удриле во голф, а потоа ги нападнале

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе