16.4 C
Прилеп
среда, 17 јуни, 2026
Пела Радио

Прилепски 11 Октомври “Еурокомпозит“ продаден на македонско – полски инвеститор?!

Некогашниот прилепски загубар, фабриката за композитни материјали, „11 Октомври „Еурокомпозит“ – Прилеп, која претставуваше фирма – загубар во државна сопственост, наводно е продаден на македонски – полски конзорциум, неофицијална информација добиена од неврзан разговор со претставници на прилепското стопанство. Неофицијално се говори дека Полјаците со купувањето на „Еурокомпозит“ повеќе се заинтересирани за лиценцата на компанијата, а помалку за имотот/објектите со кој таа располага.

Неофицијалните информации говорат дека посредник при оваа продажба е македонската компанија ФУТУРА-МОДА Д&А ДООЕЛ експорт-импорт-Скопје, Друштво за трговија, производство и услуги, која според податоците на https://www.companywall.com.mk/ е компанија со еден вработен и полската фирма FHR Armorl Logistics, малку позната компанија за која е наведено само дека е од Полска.

Основниот суд Прилеп на 5 декември 2025 година донел решение со кое му е одобрен планот на заинтересираниот купувач за реорганизација на фабриката која може да произведува воена и полициска опрема, а има и цивилна линија.

Ова значи дека со правосилноста на ова решение, стечајната постапка (која беше отворена уште на 30 ноември 2022 година) се запира, а компанијата продолжува да работи според усвоениот план за реорганизација. Надзорот и контролата врз спроведувањето на овој план ќе ги врши стечајниот управник Љубица Зајкоска, а трошоците паѓаат на товар на инвеститорот.

Според објавата од Централниот регистар, која стапи на сила на 26 декември 2025 година, официјално е усвоен предлогот за реорганизација на стечајниот должник. Со ова решение, компанијата не оди во ликвидација, туку добива шанса за опстанок преку инвестициски влез.

Две компании инвеститори, согласно планот, ги стекнуваат правата и обврските на должникот. Целта е заживување на производството.

Последните информации се дека компанијата за производство на наменска опрема има долг од неколку милиони евра.

Инаку, Еурокомпозит беше трансформирана во акционерско друштво со капитал 100 отсто во сопственост на државата во 90-те години кога имаше 550 вработени. Програмата на Еурокомпозит е поделена на две главни гранки: воена и полициска опрема и цивилна линија. Имаше широка палета производи – од балистички шлемови, елеци и плочи до рачни ракетни лансери; како и електро изолациони материјали“,  пишува на оваа тема faktor.mk ЛИНК 

 

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Да, денеска и утре ќе бидат исплатени субвенциите за тутун

Пела Редакција

Кабел нет има потреба од ПРОДАЖЕН ПЕРСОНАЛ 1 (ЕДЕН) ИЗВРШИТЕЛ

Живот на долг: 3,97 милијарди евра македонските граѓани им должат на банките

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе