24.8 C
Прилеп
среда, 24 јуни, 2026
Пела Радио

Викендов во Прилеп ќе се оджи 5-тиот по ред меморијален турнир во пинг-понг “Илија Карески”

Викендов,  од 28 февруари 2026 до 01.март 2026 во организација на ПК „Младост 96„ -Прилеп, по петти пат ќе се одржи Меѓународен меморијален турнир во пинг-понг “Илија Карески”. Натпреварите ќе се играат во салата на ООУ „Добре Јованоски“ – Прилеп , а пинпонгарите ќе настапат во неколку категории: млади категории до 13 години, кадети до 15 години, јуниори до 19 години, апсолутна категори – мажи и жени , ветерани од 40 до 49 години, од 50 до 64 години и над 65 години.

Организторите со парични ваучарки ќе ги наградат победниците во апсолутна категорија за мажи и ѓени , за прво, втор и трето место, а во другите категории се обезбедени пехари, медали и дипломи за сите победници,  од првото до четвртото место.

Меморијалнио турнир „Илија Карески„ се организира во чест на Илија Карески,  истакнат прилепски пингпонгар, еден од основачите на овој спорт во Македонија, поранешен претседател и тренер во пингпонгарскиот клуб „Младост 96“ од Прилеп.

Карски беше и долгогодишен селектор на македонската репрезентација на повеќе балкански и европски првенства, како и на Олимписките младински игри.

Турнирот е влезен во календарот на Пингпонгарска федерација на Македонија, поддржан е од Пингпонгарската федерација на Македонија и од Општина Прилеп.

Би можело да ве интересира

РК Прилеп не ја доби битката со Пролет

Распеано во центарот на Прилеп – традиционална матурантска забава на отворено (ВИДЕО + ФОТО)

Никола Димески

Победа подобра и од Слога

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе