29.8 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Двајца прилепачни приведени – возеле без возачка

Прилепчани возеле без возачка и биле приведени од полицијата.

На 26.02.2026 во 12:30 часот на ул.„Дојранска“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода С.Р. од Прилеп. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген голф” со прилепски регистарски ознаки, управуван од С.Р., при што било констатирано дека го управувал возилото без да поседува возачка дозвола.

Истот ден (26.02.2026 ) во 13:30 часот на ул.„Браќа Миладиновци“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода и В.Ѓ.(18) од Прилеп. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „фиат” со прилепски регистарски ознаки, управуван од В.Ѓ., при што било констатирано дека го управувал без да поседува возачка дозвола.

По документирање на настанот, против прекршителите ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Пронајдена дрога во Битола и Прилеп, приведени три лица

Полицијата спречи бесправна сеча и уапси четири лица

Уште една засилена полициска контрола во Прилеп – 21 возач санкциониран

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе