29.7 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Прилепски средношколец освои бронза на Олимпијада за вештачка интелигенција

На Интернационалната олимпијада за вештачка интелегенција, во Љубљана, од 200 ученици, двајца средношколци од Македонија покажаа врвен успех и освоија медали.

“Натпреварувачи Благој Рујаноски Стојаноски од гимназијата “Мирче Ацев” од Прилеп и  Андреј Ангелов од Математичко информатичката гимназија од Скопје  освоија бронзен медал„, со гордост соопшти на својот профил на Фејсбук македонскиот амбасадор во Словенија, Горан Милевски.

„Натпреварувачите беа под менторство на професорот Емил Станков од ФИНКИ и асистентот на ФИНКИ Димитар Милески. Медалите им ги додели министерката за надворешни работи на Словенија, Тања Фајон.

Честитки за нашите млади мозоци кои во конкуренција од 200 натпреварувачи од целиот свет успеаја да и донесат бронза на Македонија“ – напиша амбасадорот Милевски.

 

Би можело да ве интересира

Можност прилепските ученици бесплано да го изучуваат кинескиот јазик и култура

Пела Редакција

Практична настава по германски модел

Учениците од ООУ Климент Охридски повторно меѓу најдобрите на Олимпијадата по англиски јазик Хипо 2023

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе