30.5 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

(ВИДЕО) Срце ми е како ракија-нова песна на Филип Николоски

Нашиот сограѓанин, прилепчанецот Филип Николоски, вечерва ја изненади својата многубројна публика, со неговата нова песна насловена „Срце ми е како ракија“.

Станува збор за композиција и аранжман  на неговиот верен и долгогодишен соработник и поддржувач Рубин Димкоски, а текстот е коавторство на Димкоски и Николоски.

Николоски со својот моќен вокал, но и со своите харизма и насмевка е омилен меѓу сограѓаните, но по настапите на концертот на групата „Меморија“ и настапот на „Златна бубамара на популарноста“ веќе ја освои и македонската јавност.

Чест и сакан музички гостин е на различни свечености на кои публиката ужива во интрепретација на неговите песни, но и на добро познати македонски и српски хитови. Дали „Срце ми е како ракија“, ќе ја надмине популарноста на „Само на добро нека е“, останува да видиме.

 

 

Би можело да ве интересира

Општина Прилеп субвенционираше 395 граѓани кои купија велосипеди

🎁Протектор полиса за животно осигурување може да биде и подарок🎁

Пела Редакција

Во духот на Велегден – панаѓур во ООУ Климент Охридски Прилеп

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе