23.4 C
Прилеп
среда, 24 јуни, 2026
Пела Радио

Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат од полноќ

Малопродажната цена на дизелот од ноќеска на полноќ се намалува за 2,50 денара за литар, а на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 2,00 денара за литар. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на се намалува за 1,00 денар за литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,368 ден/кг и сега ќе изнесува 46,656 денари за килограм.

-Од 28 април од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат за моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 82,50  денари за литар, моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98  84,50 денари за литар, дизелот ќе се продава за 91,50 денари за литар, а Екстра лесното масло за горење за 96,00 денари за литар.

Од РКЕ соопштуваат дека ова се максималните цени на нафтените деривати од ноќеска на полноќ, а трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Би можело да ве интересира

Подготовки за откуп на тутунот – земјоделците очекуваат добра понуда

Билјана Тинтоска на 14 ти мај го промовира најновиот роман „Симфонија“

Пела Редакција

Поригорозни мерки за заштита од Ковид 19 за Прилеп, бара градоначалникот Јованоски

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе