16 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Во Прилеп се одбележаа 7 Мај – Денот на македонската полиција

По повод 7 Мај – Денот на македонската полиција  градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски  го посети Одделението за внатрешни работи (ОВР) – Прилепи се запозна со работењето на припадниците на Министерството за внатрешни работи.
Тој при оваа прилика изрази благодарност за нивната посветеност, професионалност и пожртвуваност во секојдневната грижа за безбедноста, мирот и сигурноста на граѓаните на Прилеп.

„Македонската полиција е еден од најважните столбови за стабилно и безбедно општество во Република Македонија. Нивната одговорност и служба кон граѓаните заслужуваат почит и поддршка, затоа што токму преку заедничка соработка, доверба и меѓусебно почитување создаваме посигурна иднина за сите. Како Локална самоуправа, и понатаму ќе продолжиме да градиме партнерски однос со ОВР Прилеп, во интерес на безбеден, мирен и стабилен град во кој нашите деца ќе растат спокојно и безгрижно. На сите припадници на македонската полиција им посакувам добро здравје, успех и многу професионални успеси“, истакна градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски на својата ФБ страна.

Би можело да ве интересира

Без струја среда ќе останат жителите од неколку улици во Прилеп

Пела Редакција

За една седмица морталитето зголемен за 23 починат од ковидвирусот

Со претставата Рибарот и рипката се отвори мултифункционалната сала во општина Кривогаштани

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе