11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Во Пелагонија: Крушево со највисока излезност, Могила со најниска

До 13 часот на денешниот референдум на гласање излегле 261.473 гласачи или 16 отсто од вкупно запишаните гласачи во Избирачкиот список и своето право на глас го оствариле 261.473 гласачи.
Според податацоите со кои располага ДИК, распонот на излезност се движи од 6,96 до 29 отсто.
Каква е излезноста во Пелагонија?
Во Општина Прилеп излезноста до 13 часот изнесува 19,05% од вкупно запишани гласачи 64.225; Во Битола излезноста изнесува 16,74 %, од вкупно запишани 82.131 гласач, во Општина Кривогаштани од 4.740 гласачи своето право на глас го искористиле до 13 часот – 10,37 %, додека во Крушево е најголема излезноста со 20,77 % од запишаните 7.936 гласачи.
Во Општина Новаци своето право на глас го искористиле 13,11%, додека во Општина Могила, во регионот излезноста е најниска со 7,04 %. Во Општина Долнени од вкупно 11.586 гласачи своето право на глас го искористиле 16,43%.
На ниво на Македонија најголем одзив има во скопските општини Центар каде изглеле 26,29 отсто од запишаните галсачи, Карпош со 23,97отсто и Сарај каде до 13 часот гласале 21,24 отсто. Најмал одзив има во Босилово – 6,96 отсто и Илинден – 7,18 отсто.
Според ДИК гласањето тече мирно и без посериозни инциденти или нарушувања на процесот. Полицијата регистрираше четири случаи и приведе неколку лица кои се обиделе да нападнат полициски службеници или пак навредувале или сликале граѓани кои сакале да го остварат своето право на глас.

Би можело да ве интересира

Jапонскиот амбасадор во посета на Витаминка

Пела Редакција

Краделе во каменолом, уапсени двајца прилепчани

(Видео) Кој е тајниот загадувач што ги труе прилепчани?!

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе