5.3 C
Прилеп
вторник, 10 декември, 2024
Пела Радио

Градоначалникот Јованоски упати покана за вечерашната прослава

Прилеп е дел од 15 те градови, во кои денеска ќе се слави добивањето покана за членство на Македонија во НАТО, со концерти на музички ѕвезди од домашната естрада. Прославата ќе се одржи во центарот на Прилеп, со почеток во 20 часот, на централната бина од Пивофестот која ќе биде „позајмена“ за настап на групата „5+ Бенд“.
По тој повод градоначалникот на Прилеп Илија Јованоски упати апел до граѓаните:
„Македонија доби покана да стане членка на НАТО и има датум за преговори со ЕУ. Конечно, Македонија станува нова приказна. Се изборивме за сигурна иднина. Доаѓа време на надеж, на победи, на гордост. Време на сигурност и безбедност. Направивме историски исчекор, којшто за Македонија и за граѓаните на Македонија значи почеток на реализација на нашите цели – членство во ЕУ и Алијансата.Со отворените фондови на ЕУ, Прилеп и Македонија ќе станат рамноправен партнер на Европа, а граѓаните ќе можат побрзо да ги живеат европските стандарди, најмногу на економски план. И овој чекор, како и сè досега, го постигнавме заедно. Затоа, да се обединиме за нашата подобра иднина, заедно да го прославиме огромниот историски успех на Македонија “, изјави Илија Јованоски, градоначалник на Прилеп, на денешната прес конференција што се одржа на плоштадот „Методија Андонов – Ченто“.

Би можело да ве интересира

Малолетник со мотоцикл усмрти 68 годишна жена во Прилеп

На што Општина Прилеп ќе го троши буџетот за 2019 г. од над милијарда и 290 илјади денари?!

Елизабета Филипоска

(ФОТО) Дејан Проданоски е новиот претседател на Советот на Општина Прилеп

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе