16 C
Прилеп
среда, 23 април, 2025
Пела Радио

Дедо Мраз од Лапонија во Прилеп пристигна на Автобуската станица

Онаму каде што патувањата започнуваат и завршуваат – Автобуската станица, која веќе 2 дена е во центарот на вниманието на најмладите и сите кои се чувствуваат млади. Таму се случува Новогодишна бајка.

На новата директна линија од Лапонија до Прилеп, секој ден Дедо Мраз е тука, на радост на децата. Секојдневна програма од најмладите за најмладите, исполнета со пријатни и слатки изненадувања во прекрасно и магично катче во АВТОБУСКАТА СТАНИЦА . Сите се добредојдени за заеднички магични моменти што само новогодишните празнувања можат да ги донесат.

– Сите се поканети да бидат дел од Новогодишната бајка, да уживаат во малите задоволства, да се дружат покрај новогодишната елка со Дедо Мраз, со кловнот и со маѓионичарот, со своите другарчиња. Можат да се сликаат во предновогодишна атмосфера, покрај елката или со своите родители и другарчиња, вели Борче Чупетрески, главниот иницијатор на „Новогодишната бајка“ која за прв пат се одржува во Прилеп и тоа на Автобуската станица.

Програмата за Новогодишната бајка започна од 24 декември,а ќе трае до 31 декември, секој ден од 11 часот со бројни изненадувања во која главна улога ја има секако Дедо Мраз на радост на децата.

Би можело да ве интересира

Онлајн петиција :„Стоп за пушењето во затворен простор “

Елизабета Филипоска

Петти ден се трага по 28 годишниот неготинчанец Миле Тодоров

Пела Редакција

Возот за Скопје денеска тргна навремено од прилепската железничка станица

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе