11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

За дa не замрзнат цевките се троши вода како да е лето

Екстремно ниските температури кои деновиве го зафатија Прилеп , ја зголеми дневната потрошувачка на вода за 100/120 л/с, па ЈКП Водовод и Канализација апелира граѓаните порационално да ја трошат водата и да не ги остваат деноноќно чешмите да течат, туку да ги заштитат и по можност да ја контролираат потрошувачката за да не се нарушува дистрибуцијата на вода.

Граѓаните денови поради ниските температури кои изнесуваа и  – 20, често ги оставаат чешмите да течат за да  не замрзнат водоводните цевки и да им  направат штети во домовите и работните места. Но, тоа ја зголеми потрошувачката и проблемот со водоснабдувањето.

„Споредбено во нормални услови ,кога градот места троши 220/240 л/с вода моментално Прилеп троши 350 л/с.до 370 л/вода во сек.од кои 190 л/с доаѓаат од Студенчица, дел од бунарите и дел од сопствените извори, но нема криза во водоснабдувањето на градот и населените места “ – потенцира директорот на ЈКП Водовод и Канализација Прилеп, Емил Јанески

кој, потврди дека дефекти имало за време на празниците, но водоснабдувањето сега е нормализирано и покрај намалената  издашноста на изворот „Студенчица“

„За време на празниците два/три часа дел од градот намаше вода ,во саботата, имавме проблеми со дефекти во цевководната мрежа и со регулационите шахти, поради ниските температури ,но тоа  целосно е санирано. По два дена прекин, од вчера има вода и во колективните згради кај прилепската касарна.Од регионалниот водовод „Студенчица” стигнуваат променливи количества вода, од 180 до 210 литри вода во секунда, дополнително, постојано се вклучени 6 бунари, а седмиот бунар се вклучува повремено, во зависност од потребите.“-вели Јанески

             Водоснабдувањето во населени места

Регулирано е и воодоснабдувањето во населните места

„За празниците имавме проблеми во дел од населените места, Веселчани и Загорани поради прекин со напојувањето со електрична енергија, имаше проблеми  со бунарот кој со вода ги снабдува ови селата. А поради заробен воздух во водоводната мрежа од стариот селски бунар, кои функционирал години наназад, во с. Мало Коњари, спроведовме нова мрежа, и во моментов, селото се снабдува со вода од градски бунар„ – истакна Емил Јанески

Од ЈКП „Водовод и канализација“ велат дека , вода има во доволни количини и покрај зголемената потрошувачка.А, во случај на дефекти или проблеми со водоснабдувањето  граѓаните можат да пријават на дежурните тел. 048/421 775 или 08048000

Би можело да ве интересира

Крушево бело

Елизабета Филипоска

Советот одржа седница онлајн, без “присуство“ на новинари. Сите предложени точки усвоени

Елизабета Филипоска

Да му помогнеме на Васко и на семејството Јошески

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе