11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Витаминка за сите жени вработени во компанијата -бесплатни ехо-прегледи на дојка во своите простории

Со спроведување на прегледите во самата компанијата покрај што се прави вистински потег на искрена грижа за здравјето и добросостојбата на жените од сите возрасти вработени во компанијата, уште и се поттикнуваат на самосвесност за потребата од редовни прегледи.

Повеќе од 300 жени вработени во Витаминка добиваат преглед со ехо на дојка во просториите на самата фабрика. Ехо-апаратот е поставен во соодветна просторија во компанијата и во текот на неколку дена се извршуваат прегледите. Вработените што се пријавиле за преглед, по ехо анализата се консултираат и со медицинско лице и добиваат совети за понатамошни прегледи и за важноста на превентивното дејствување.

Со спроведување на прегледите во самата компанијата покрај што се прави вистински потег на искрена грижа за здравјето и добросостојбата на жените од сите возрасти вработени во компанијата, уште и се поттикнуваат на самосвесност за потребата од редовни прегледи. Оваа активност е уште една од низата практики за заштита и унапредување на безбедноста и здравјето во работењето.

Иницијативата за ваквото организирање на прегледите потекна од управата на компанијата: „Во секојдневното брзање и преокупираност со дневните обврски кон домот, децата и кон професионалниот ангажман, жените многу често себеси и грижата за сопственото здравје ги ставаат во втор план и ги запоставуваат редовните прегледи, кои се и тоа како важни во превенирањето од несакани заболувања. Токму таквиот однос кон сопственото здравје и грижата за секој вработен поединечно, нè поттикна на овој чекор и веруваме дека со истото ќе се охрабрат за поголема грижа и свесност за сопственото здравје“, велат од компанијата.

Би можело да ве интересира

Витаминка прва во Македонија се дигитализира со Microsoft – Dynamics 365 Finance and Operation

Пела Редакција

Прилепчани хумани! Акцијата „Подај рака, биди човек”,успешна

Елизабета Филипоска

Прилеп, во спомен на Карпалак, 17 години подоцна…

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе