15.8 C
Прилеп
четврток, 19 септември, 2024
Пела Радио

Мегленски: За опстанок на Победа, градот може да очекува борба до последна капка пот

По состанокот „За спас на Победа“, а пред конечната разврска околу тоа – дали ќе се најде трајно решение за организационо – финансиски стабилен клуб, денеска во просториите на Победа се одржа средба со новинарите на иницијатива на старо – новиот тренер Тони Мегленски.
– Со мене историјата како да се повторува. Јас овој клуб го знам само по успеси и ништо друго, иако бев повикан „за спас на Победа“. Многу пријатели ми велат дека правам голем ризик, но ризик беше и претходниот пат кога дојдов. Искрено прифатив по повикот за враќање во Победа во координација со играчите, по разговорот со капитенот Дарко Тофилоски и другите играчи и нивниот повик дека овој клуб мора да се спаси. Рецептот го знаеме по ситуацијата од ланската година, играчите се запознати. Мој најголем успех ќе биде да се крене екипата на психолошки план, каде што гледам дека е многу падната. Пред се ова се должи на финансиските побарувања. Овој клуб не заслужува да биде во втора или во трета лига. Но, Победа треба да биде прво стабилен прволигаш, со стабилни школи, а потоа се само ќе си дојде и Европа и титулите. Не е лесно да бидете играч на Победа во било кое време и порано, 70 тите, 80 тите години, а ни сега. Градот на спортски план, јас само за тоа можам да одговарам за спортскиот дел, може да очекува борба до последен момент – последна капка од потта од играчите, дека ќе направиме се за да се спаси клубот, потенцираше Мегленски..
По оставката на Јане Николоски, раководството на Победа го повика Мегленски да се врати на кормилото како шеф на стручниот штаб. Моментно има 39 бодови во игра во Првата лига, потенцираше старо – новиот тренер, со вкупно до крајот на сезоната уште 13 кола. Победа се наоѓа на последното место со 18 бодови.
Во врска со преструктуирањето на клубот, на средбата со новинарите беше најавено дека: денеска треба да се одржи состанок на кој ќе бидат прецизирани понатамошните чекори за стабилизација на Победа, а за кои јавноста ќе биде запозната повеќе наредниве денови.

Би можело да ве интересира

Втора година по ред нема да го одржи МЕЃУНАРОДНИОТ ТРАДИЦИОНАЛЕН ТУРНИР во ЏУДО „ПРИЛЕП ГРАД ХЕРОЈ“,

Елизабета Филипоска

РФМ го одложи стартот на првенството

Гордана Цветаноска

Деспина со победа, Прилеп со пораз се вратија од гостувањето во Скопје

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе