29.4 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Еурофарм Пелистер 2 и Охрид со победи го отворија Меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“

Ракометарите на Охрид стартуваа со убедлива победа против Куманово со 32-21 на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“, додека домаќинот Прилеп загуби од Еурофарм Пелистер 2 со 31-28.

Младите битолчани одиграа одличен натпревар, а успеаја да ја одбранат победата на крајот иако ривалот на двапати доаѓаше на минимална негатива од еден гол. На полувремето резултатот на семафорот гласеше 16-13 за тимот предводен од Александар Зарков.

Претходно, ГРК Охрид го отвори турнирот со убедлива победа над МРК Куманово (31-23). Утре (петок) следи вториот дел од Меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ – од 18:00 часот играат Врање и МРК Куманово, додека од 20:00 часот на мегдан одат ГРК Тиквеш и Прилеп.

Би можело да ве интересира

Дали во Македонија од 2026 во пензија ќе се оди на 67 години?!

Завршија градежните работи на ИКТ центарот во Прилеп

Kaранфилоска: Природата е совршено место за пронаоѓање на сопствениот мир

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе