7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Прилепчанката Јованоска ќе се бори за бронзен медал на Европското карате првенство

Полексенија Јованоска се пласира во мечевите за медали на 54 европско првенство во карате, на кое учествуваат 508 каратисти од рекордни 51 земја.
Во натпреварите во кати според новиот систем на бодување Полексенија Јованоска мина 3 кола и обезбеди меч за бронзен медал. Нашата најдобра натпреварувачка во кати пред три години во Монпелје оствари пласман на 5 место, што е досега најдобар резултат во оваа дисциплина во поединечна конкуренција.
Денеска на програмата на европскиот шампионат се борбите во екипна конкуренција, на кои ќе настапат нашите каратистки и каратисти во борби. Борбите за бронзени медали се во сабота од 9.30 до 11.30 часот, кои ќе се пренесуваат во живо на karateworld.tv каде што ќе настапи Јованоска.
Европскиот шампионат се одржува од 28. до 31. март во Гвадалахара, Шпанија.

Би можело да ве интересира

По шести пат „ФИС ролер ски куп Тоше Проески“ во Крушево

ЗАЕДНО НА ЕВРОПСКО – Седлоски/Ангелески – судиите “не се виновни” ако репрезентацијата која води на крајот ќе загуби (ВИДЕО + ФОТО)

Никола Димески

Победа в сабота гостува во Струга

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе