7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Прилеп во знакот на НАТО (ФОТО – ГАЛЕРИЈА)

По повод одбележување на Денот на НАТО – 5 ти април, а во рамки на активностите од НАТО неделата, Министерството за одбрана и Армијата во соработка со Општина Прилеп, денеска во центарот на Прилеп, се одржа отворен ден за граѓаните. Денот на НАТО традиционално се одбележува во сите земји-членки на Алијансата, како и во земјите-партнери. На овој ден 1949 година, во Вашингтон 12 земји го потпишаа Договорот со кој се конституира Северноатлантската алијанса.
– Процесите кои се отворија на почетокот на годината претставуваат уште една потврда на намерата и посветеноста на нашата земја да продолжи да работи на полноправното членство како наша најважна стратешка цел, за која сум длабоко убеден дека ќе се оствари до крајот на оваа година. Нато не е само сојуз на држави со заеднички безбедносен систем кој се базира врз консезуално одлучување, НАТО е алијанса на целосно независни држави кои постојат и одлучуваат како такви. Од како целта за членство во НАТО ќе се постигне, тоа веднаш овозможува нови цели, бидејќи само членството открива нови можности и станува средство за нивна реализација, рече во своето обраќања на свеченоста Орце Јордев, бригаден генерал мајор во АРМ, истакнувајќи дека нашата татковина нема друга алтернатива освен членството во најмоќниот модерен систем за колективна безбедност
.На отворениот ден, граѓаните проследија повеќе музички нумери во изведба на воениот оркестар, потоа познатата точка на припадниците на баталјонот за почести „Егзирцир“ и се запознаат со дел од вооружувањето и опремата на Армијата.

Истовремено, во соработка со Црвениот крст, во просториите на Центарот за култура бише организирана и крводарителска акција на која покрај припадниците на Армијата, се приклучија и сите заинтересирани граѓани.

Би можело да ве интересира

Промоција на книгата „Односите со јавноста, социјалните медиуми и јавното мислење“ од Каролина Мицевска

Гордана Цветаноска

ТУТУНОТ – СТРАСТ, ПРОФИТ И ШТЕТНОСТ-ДЕНЕСКА Е СВЕТСКИ ДЕН ПРОТИВ ПУШЕЊЕТО

Елизабета Филипоска

„Надеж за сите„ со донација за прилепската болница

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе