29.2 C
Прилеп
вторник, 28 јули, 2026
Пела Радио

(Видео) Здрави заби за убава насмевка – хепенинг во Прилеп посветен на оралното здравје

Под мотото „ЧЕТКАЈ-БЛЕСКАЈ“ во организација на ЈЗУ Општа болница со проширена дејност „Борка Талески – Прилеп, во  Домот на културата „Марко Цепенков„ децата учеа за важноста од оралната хигиена и како до здрави заби и убава насмевка.

„Здравата насмевка не е само одраз на убавината, туку и огледало на грижата што им ја посветуваме на најмладите“, порача д-р Јулијана Стевананџија, изразувајќи голема благодарност до сите кои придонесоа за реализација на настанот.

Едукативениот хепенинг посветен на оралното здравје, беше организиран во рамките на одблежувањето на  Светски ден на оралното здравје. Во него учествуваа ученици од основните училишта, деца од ЈДУГ „Наша иднина“, учесници од приватните едукативни центри и сите оние кои сакаа да научат повеќе за одржување  на оралната хигиена и за здрави заби , преку забава и игра.

Организаторите изразија надеж дека оваа иницијатива ќе прерасне во традиција, која секоја година ќе ги обединува најмладите во името на здравата насмевка.

 

Би можело да ве интересира

Вакцинацијата против сезонскиот грип треба да започне утре

🙏Да помогнеме-семејство од Воѓани остана без дом💗

Пела Редакција

Поставен камен-темелникот на автопатот Прилеп – Битола од Коридорот 10д

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе