11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Се поставува вертикална сигнализација на Кеј 1 Мај

Општина Прилеп од денеска почнува со активности околу поставување на вертикална сообраќајна сигнализација на улицата „Кеј 1- ви Мај“, со цел зголемување на безбедноста на учесниците во сообраќајот.
Активностите околу поставувањето на вертикалната сообраќајна сигнализација се дел од годишната програма за одржување и заштита на локални патишта, улици и регулирање режим на сообраќај.
Деновиве ќе се работи на улицата „Браќа Ламески“ на потегот од улицата „Херој Карпош“ до булевар „Гоце Делчев“ и улицата „ 11 Октомври“ на потегот од спојот со улицата „Васко Карангелески“ до улица „Тризла“. Во моментов поставувањето на вертикална сигнализација се одвива во централното градско подрачје.

Во рамките на предвидените средства од годишната програма со опремување на сообраќајниците со вертикална сигнализација ќе се продолжи и на останати места.
Од Општина Прилеп апелираат до сите учесници во сообраќајот да се движат внимателно додека се одвиваат активностите околу поставување на сообраќајни знаци, за што од страна на одговорните е поставена соодветна сигнализација.

Би можело да ве интересира

Пролонгиран рокот за важност на возачките дозволи и книшки

Пела Редакција

Поверениците се повлекуваат, прекинува откупот на тутунот (ФОТО – ГАЛЕРИЈА)

Гордана Цветаноска

Кузманоски со апел до спортистите за собирање донации за потребите на здравствените работници

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе